Мартин од „Некст тајм“ ќе стане татко (Први фотографии)

Мартин Филиповски од братското дуо „Некст тајм“ ќе стане татко.

Радосната вест самиот ја сподели со неколку професионални фотографии кои ги објави на социјалните мрежи.

Тој пред неполна година се ожени со својата долгогодишна девојка, ракометарката Андреа Белеска.

Првата фотографија со младоженците тогаш ја сподели неговиот брат Стефан. „Го дадовме, ја земавме. Честитки!“, напиша тој на „Инстаграм“.

Ракометарката Белеска, родум од Кичево, беше дел од Металург, а во странство настапуваше за турскиот Јенимале, романската Валчеа и шведскиот Боден. Минатата сезона играше за грчки ПАОК од Солун.

Дуото „Некст тајм“ ја претставуваше Македонија на евровизискиот избор во Москва во 2009 година. Групата се проби со поп-рок нумери, но последните години браќата-близнаци одлучија да се свртат кон корените. Нивните обработки на стари македонски песни бележат милионски прегледи на „Јутјуб“. Подоцна имаа успешна турнеја кај нашинците во Австралија заедно со Влатко Лозаноски.

More From Author

Кумашинката на Заев ги вовлече длабоко хеланките за да покаже каков задник направила (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Incredible Discovery Unearthed in the Remote Desert of Egypt – NH